ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден во 2006 година почина Вангел Наумовски

Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 13-ти јуни, во 2006 година, на 82-годишна возраст во Охрид почина познатиот македонски ликовен уметник Вангел Наумовски.

Со своето творештво Наумовски во 60-тите години на дваесеттиот век стана познат не само во Република Македонија, туку и во европски и светски рамки. Охрид и особено езерскиот имагинарен свет постојано се присутни во делата на Наумовски. Покрај ликовно творештво, тој остави траги и со својот литературен ангажман.

Она за што помалку луѓе знаат е делот од неговата кариера кога тој се занимаваше со создавање музика за која многу музички критичари велат дека е преисконска, дека е неповторлива во иста форма и место. И токму тој перформанс е она што најмногу го привлекува уметникот. Сублиматот на уметностите во овој неверојатен човек е толку дефиниран, со чувство за убаво и хармонично.

Повеќе за овој творечки период на Наумовски ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука