Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

LIDL летово го завршува објектот во Битола, ќе има маркет и во Скопје, Охрид останува на мапата

Скопје/Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Големиот германски трговски синџир LIDL ќе има маркет и во Скопје, откако за 9,5 милиони евра го купи објектот на Скопски пазар во кој работеше Бриколаж, во скопската општина Гази Баба.

– Во 2021 година кога за првпат беше најавена инвестицијата на германската компанија, тогашниот премиер Зоран Заев најави дека во Скопје ќе има неколку маркети, како и во други седум градови, јави порталот emagazin.mk.

Наскоро треба да биде завршен маркетот во Битола, кој почна да се гради пред околу една година. Истиот е лоциран на кружниот тек на „Дулие“, на местото на старата млекара, под Еврејските гробишта.

Во јануари годинава LIDL во Куманово почна да го гради логистичко-дистрибутивниот центар, кој ќе биде регионален и тоа е најголемата инвестиција на компанијата во Македонија, во вредност од 80 милиони евра.

Компанијата веќе купи и парцела за маркет и во Кавадарци. Локацијата таму е до повеќенаменскиот комплекс „Мала Америка“.

Како можни другови градови, неофицијално, се споменуваа и Охрид, Штип и Струмица, но засега за таму нема ништо официјално. (Крај)

извор: emagazin.mk фото: LIDL

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука