Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

РЦСОО „Ванчо Питошески“ со информација за електронскиот упис во прва година за учебната 2024/2025 година

Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од РЦСОО „Ванчо Питошески“ од Охрид ги информираат учениците за електронскиот упис во прва година за учебната 2024/2025 година.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука. Секој ученик се најавува со сопствена корисничка сметка на schools.mk. Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20-ти до 25-ти јуни 2024 година до 15:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20-ти и 24-ти јуни 2024 година, во периодот од 07:00 часот до 17:00 часот и на 25-ти јуни 2024 година од 07:00 до 15:00 часот, информираат од училиштето.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштето ќе ја објави на 26-ти јуни 2024 година, најдоцна до 09:00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука