ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Следниот вторник започнува Светското првенство во Aquabike UIM 2023 и UIM-ABP во Поградец

Охрид/Поградец, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Следниот вторник треба да започне Светското првенство во Aquabike UIM 2023 и UIM-ABP кое ќе се одржи во водите на Охридското Езеро кај албанскиот град Поградец.

Оваа најава дојде по потпишувањето на договорот во Албанија, каде Raimondo di San Germano, извршен директор на H2O Racing, предводеше делегација од H2O Racing и се сретна со Еди Рама, премиерот на Албанија и неколку високи албански претставници.

– Албанија влегува на мапата на овие трки, заедно со Италија, Франција, Шпанија, Дубаи, Индонезија, Кина и многу други земји, изјави Рама по средбата.

Трката за Големата награда на Албанија ќе се одржи на 2-ри, 3-ти и 4-ти јули, а F1H2O Гран-при на Албанија е закажана за 5-ти, 6-ти и 7-ми јули 2024 година во водите на Охридското Езеро.

– Со ова се отвора уште едно поглавје во историјата на Светското првенство во Aquabike UIM F1H2O и UIM-ABP. Ова ќе биде уште една нова земја за нас, ново возбудливо место за трка и нови предизвици за сите вклучени во двете спортски дисциплини. По успехот на инаугуративната трка за Големата награда на Копико на Индонезија во февруари, повторно ќе се вратиме во езерото Тоба во ноември за трки во Aquabike, а потоа можеме да гледаме кон втората трка во Индонезија во 2024 година и две нови возбудливи места за трка, Виетнам и сега Албанија, изјави тогаш Raimondo di San Germano, извршен директор на H2O Racing.

Thani eyes double target as Sardinia sets new test ⋆ Powerboat Racing World

Во јануари годинава, повеќе од 50 здруженија и институции од Охрид и Република Македонија, како и од соседна Албанија покренаа иницијатива за спречување на одржувањето на овој настан.

– F1H2O е светско првенство во трка со моторни чамци со високо туражни мотори кое најчесто, заради негативното влијание врз животната средина, живиот свет и екосистемот се одржува на големи водени површини (мориња, океани). Според проценките направени од информациите достапни на интернет-страницата на организаторот, а обработени од страна на стручни лица од областа на заштита на животната средина, за време на овој настан ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми Co2 емисии во воздухот и езерото. Оваа количина на емисии, која ќе биде ослободена за неколку дена, е еквивалентна на емисија на стакленички гасови од 365 автомобили возени цела година. Исто така ќе бидат потребни 4.300 м2 паркинг простор за да се сместат 43 тимови или 129-172 камиони; стартната платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона (местото за гнездење на рибите). Ова се само дел од негативните влијанија кои можат да бидат предизвикани како последица на одржувањето на ваков настан на Охридското Езеро, а повеќе детали за настанот, иницијативата и останатите активности предвидени за спречување на истиот, штетите кои можат да бидат предизвикани врз животната средина и Охридското Езеро, ќе бидат презентирани на прес средбата со новинарите од страна на претставници на НУ Хидробиолошки завод Охрид, претставници на граѓански здруженија од Македонија и Албанија, порачаа од овие здруженија и институции.


Повеќе за F1H2O ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука