ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Семејството Талеви останува чувар на тајната: 100 години од изработката на првиот охридски бисер

Охрид, 26. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатото семејство Талеви од Охрид годинава одбележува значаен јубилеј, 100 години од изработката на првиот охридски бисер, денес обележје на градот, заштитен со сертификат за географско потекло.

Климент Талев е втора генерација во семејството кој и на негови 83 години се’ уште изработува охридски бисери и е скоро секој ден во семејниот дуќан во чаршијата. Првото седефесто зрно го изработил неговиот татко Ване.

– Тајната формула за изработка на бисерот се пренесува на машки потомок во семејството. Татко ми долго време ме набљудуваше дали може да ми ја предаде тајната, за да ја добијам во 1964 година. Така направив и јас со мојот син и внук, вели Талев.

Околу купувањето на тајната формула за правење на емулзијата, чувањето на истата, но и за нелојалната конкуренција со која се соочуваат повеќе во утрешното интервју за Супер радио и ОхридПрес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука