Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар на депонија кај „Мауцкер“

Скопје/Охрид, 30. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во последното деноноќие имале вкупно 2.024 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Во Охрид, интервенирано е на гасење пожар на депонија кај месноста „Мауцкер“.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука