Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонија во мај ја посетиле 79.448 странски туристи, најмногу од Турција и Србија

Скопје/Охрид, 12. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во мај годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 106. 604 туристи, од кои 27.156 биле домашни, а 79.448 се странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 200.439.

Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците – 23.919, следуваат гостите од Србија – 5.883, од Германија – 5.103, од Грција – 3.012.

Во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 12 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,6 %, а кај странските има зголемување за
16,6 %.
Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 10,2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8,8 %, а кај странските има зголемување за 11 %. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука