Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавен конкурсот за упис на студенти на битолскиот Универзитет, на ФТУ Охрид се предвидени 306 места

Битола/Охрид, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, ги објави конкурсите за упис на нови студенти во учебната 2024/2025 година на прв, втор и трет циклус студии.

За додипломските студии, на УКЛО има места за 2.404 нови студенти. Од нив 1.309 се во државна квота, останатите 679 и 416 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.

На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид предвидени се 306 места, од нив во редовната државна квота 134 студенти со по 200 евра партиципација, 99 редовни со 400 евра школарина за студирање и 73 вонредни, а кои плаќаат 400 евра.

Првиот уписен рок на УКЛО започнува од 26 до 30 август 2024 година, а конкурсите се објавени на интернет страницата на универзитетот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука