ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Пожарите во Македонија во моментов на мапата на NASA FIRMS

Охрид, 17. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Системот за информации за пожари и управување со ресурсите (Fire Information for Resource Management System – FIRMS) редовно ги објавува најновите податоци за пожарите ширум светот, скоро во реално време (NRT).

Екипата на OhridPress ја објавува најновата мапа на овој систем за пожарите во Република Македонија во моментов.

Информациите се обезбедени преку системите за фотографирање (MODIS) на сателитите Aqua и Terra. На глобално ниво, овие податоци се достапни во рок од 3 часа по сателитското набљудување, но за САД и Канада, активните податоци се достапни во реално време.

NASA FIRMS користи сателитски набљудувања од системите MODIS и VIIRS за откривање активни пожари и термички аномалии ширум светот и ги доставува овие информации до носителите на одлуки. FIRMS првично беше развиен од Универзитетот во Мериленд.

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено » Телевизија MNet HD

Во меѓувреме, осми ден веќе беснеат пламените јазици на планината Серта. Пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници и воздухопловна поддршка се борат со пламените јазици. Алармантна е ситуацијата во неготинскиот крај, каде што се интервенира од земја и од воздух. Ништо не е поразлично ниту од штипска страна, каде останува да важи забраната за движење на населението околу полигонот Пенуш. ЦУК информира дека вчера на територијата на државата имало вкупно 36 пожари на отворено, од коишто активни утрово се 18. Денеска се очекува да пристигнат „Ер тракторите“ во штипскиот дел на планината Серта. На овој дел активни се пожари на две локации, над селата Драгоево и Селце и на ридот Штракалево кон полигонот Пенуш, каде месното население има забрана за движење во оваа зона, бидејќи има неиспукана муниција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FIRMS

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука