Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

„Заштити се од кражби“, едукативно-превентивни кампањи на подрачјето на СВР Охрид

Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве, во рамките на кампањата „Безбедно лето“, на целото подрачје спроведува повеќе едукативно-превентивни кампањи „Заштити се од кражби“.

Тимови од полициски службеници патролираат низ повеќе делови од градот и преку непосредни контакти со граѓаните ги потсетуваат на основните правила како да ги заштитат своите домови од кражби, што е најкорисно да направат да ги заштитат своите возила од кражби на паркинг простори, но и вредните предмети од кражби на плажи.

Спречете дрска кражба, чувајте го паричникот, мобилниот и лап топот, заштитете го возилото – се само дел од темите за кои полициските службеници им пренесуваат практични совети на граѓаните низ градските средини и на плажите. Воедно, на граѓаните им се делат летоци со едукативни содржини со насоки за превенирање на кражби и други имотни деликти. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука