Спорт

Јоан Гуркуф нов играч на Рен

Рен, 15. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Француските медиуми пишуваат дека поранешниот француски репрезентативец Јоан Гуркуф, потпишал едногодишен договор со францускиот прволигаш Рен.

Тој се враќа во екипата каде што ја започна својата кариера и се истакна како млад и талентиран играч за врска.

И покрај тоа што имаше многу примамливи понуди од Англија, Гуркуф решил кариерата да ја продолжи во Рен каде се надева дека повторно ќе се наметне во клубот ,се со цел повторно да избори место и во националната фудбалска репрезентација. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука