ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Бектеши: Ова е политички прогон, добив информација дека од СВР Охрид директно се мешаат во изборниот процес

Скопје/Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ова е политички прогон, целта е заплашување и нема да ви помине, порача поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши откако беше објавена информација дека заработил кривична пријава од охридската Полиција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

– На 7-ми мај, како координатор на Европскиот фронт во ИЕ 5, од штабот на Европскиот фронт во Охрид добив информација дека на денот на изборниот молк, началникот на кабинет и членовите на кабинетот биле контролирани од СВР Охрид, што е директно мешање во изборниот процес од страна на СВР Охрид. Имајќи во предвид дека должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што му ја испратив и како одговорен за изборниот процес. Но, тоа не им е намерата, (проценете сами според пораката подолу). Намерата им е одмазда за дебаклот што го направија на 8-ми мај. Како Крешник Бектеши, секогаш ќе се грижам за граѓаните кои се во постојана тенденција на мајоризација и заплашување, како што се моите сонародници. И во ова, ништо друго освен Бог не може да ме спречи. Следните избори ќе ги има народот (особено на овие соработници на Синиша, вазали кои ја предадоа својата нација), порача Бектеши, кој објави дел од преписката.

May be an image of text

Од полицијата информираат дека на 7-ми мај годинава, „Бектеши од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“.

Бектеши беше министер во поранешната Влада од 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука