август 2, 2024

Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево изби силен пожар кај селото Косел, во близина на Охрид, и во опасност е боровата шума во околината. Таму е упатен еден хеликоптер, објави попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Пожарот избил во близина на црквата „Свети Илија“ над селото, по што соодветни екипи на Противпожарната бригада од Охрид се на терен во борба со огнената стихија, а на помош им доаѓа и локалното население.

Надлежните апелираат на смиреност кај населението, да не се крева непотребна паника.

Денес претпладне на територијата на Република Македонија активни се 6 пожари на отворено и шумски пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во Општина Демир Хисар, врз пожарот на Илинска планина дејствуваме со концетриран напад од 5 „Ер трактори“ (1 на ДЗС, 2 германски и 2 шведски), информираат од ЦУК.

Додаваат дека на тешко пристапниот терен на земја го гаснат локални пожарникари со подршка на месно население. (Крај)

извор: ЦУК фото/видео: ЦУК

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука