Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на „Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“

Охрид, 12. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на улиците„Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“ неколку часа ќе бидат без вода.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот има неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“, информираат од охридски „Водовод“.

Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука