Избор

Утре акција на подигање кабаст отпад во „Кошишта“ и „Воска“

Охрид, 9. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ј.П.”Охридски Комуналец” – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбаната заедница „Кошишта“ и „Воска“ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан“).

Граѓаните кои живеат на овие делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно треба да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука