Забава КЕРИМ News

Контра вести на Супер радио – Охридски/Ohridski КЕРИМ News Vol. 163 (ВИДЕО)

Охрид, 17. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт на охридските/ohridskite КЕРИМ News „вести“ во оригинал:

– Јас сакам да му посакам од Супер радио на секој еден граѓанин да бил од село да бил од град дали бил од Скопје или од било каде без разлика добре дојден е во Охридскиот стил тука во кај нас значит Македонски се говорит сеуште ден денеска Македонија ќе бидит пред се на ваша страна значит за нова година е предвидено туристи од Београд…

Слушајте ги охридските/ohridskite „вести“ во КЕРИМ News, секој ден во 11:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress. (Крај).

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука