Економија Избор Охрид

Во есенско-зимската сезона во Охрид туристите најмногу ноќевале во хотели и изнајмени соби

Охрид, 12. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на туристите во ноември 2015 година во Охрид бележи зголемување за околу 14 проценти, во споредба со истиот месец во 2014 година.

Додека бројот на ноќавања е зголемен за 16 проценти.

Во месец ноември во Охрид е забележано зголемување на бројот како на домашните така и на странските туристи. Бројот на странските туристи е зголемен за 12.2%.

Од сместувачките капаците, најпосетувани биле хотелите, а на второ место се соби, станови и куќи за изнајмување.

Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.3%. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука