Избор Охрид Хроника

Две сообраќајки во Охрид, кај кружниот тек кај Градски пазар и на „Железничка“ – нема повредени

Охрид, 7. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден донесе нови проблеми во сообраќајот во Охрид и две помали сообраќајни незгови, во кои, за среќа, нема повредени.

Попладнево се случи помала сообраќајна незгода на улицата „Железничка“. Според првичните информации, во незгодата учествувале возила марка „Пежо“ и „Опел“ и во истата нема повредени лица.

Помала сообраќајка се случи и на кружниот тек кај Градскиот пазар, каде се судрија две возила. Освен причинета материјална штета, во незгодата нема повредени лица.

Ова е само продолжение на „охридската црна хроника“ од деновиве. Синоќа околу 18:00 часот, во близина на селото Пештани се случи сообраќајна незгода во која возејќи моторцикл, животот го загубија две лица, 26-годишниот Александар Л. од Охрид и 22-годишниот Виктор С. од селото Ваташа кај Кавадарци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука