ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Во рамките на акцијата на „Ајде Македонија“ утре ќе се чисти на потегот од Подмолје до Далјан

Охрид, 30. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Националната платформа „Ајде Македонија”, утре, 1-ви октомври во Охрид ќе се спроведе акција за чистење на потегот по магистралниот пат од „Петља” до Подмолје и од населбата Далјан до Подмолје.

Акцијата за чистење ќе биде дел од проектот „Македонија без отпад”.

Екипи на Ј.П. „Охридски Комуналец” ќе бидат активно вклучени во акцијата.

Исто така сите граѓани и невладини организации кои се заинтересирани, можат да се вклучат во проектот за чистење на потегот од „Билјанини извори” до Св. Наум, каде што ќе бидат во координација со невладината организација „Ајде Македонија”. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука