Избор Охрид Хроника

Сообраќајка кај Тополчани, потешко повреден возачот на возило со охридски таблички

Битола/Охрид, 14. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Шест лица се повредени во сообраќајната незгода која денес околу 15:15 часот се случи на патот Прилеп-Битола, во близина на селото Тополчани.

Во незгодата учествувале три патнички моторни возила и сите три се движеле во правец кон Битола. Едно лице, возачот на охридско Пежо се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран на клиниката во Битола.

Другите пет лица поминале со лесни телесни повреди. Двете други возила биле со прилепски регистарски ознаки, Опел Зафира и Хјундаи Санта Фе. (Крај)

извор: Тв Тера фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука