Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Почна реконструкцијата на затворениот базен во Струга

Струга, 31. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со години нефункционален и надвор од употреба, затворениот базен во Струга ќе биде реконструиран.

Започнаа градежните работи за реконструкција на објектот кој беше гордост на стружани. Некогаш место каде што своите вештини ги стекнале и докажувале значајни имиња од пливачката сцена во Македонија и пошироко, денеска збиралиште за ѓубре. Сега со средства на Агенцијата за млади и спорт истиот ќе биде вратен во живот.

Резултат со слика за базен струга

– Со реконструкцијата на овој базен во Струга, стружани ќе добијат многу, спортот ќе добие многу. Пред се ќе добијат пливачите и сите млади деца кои секако се наша најголема интенција да ги тргнеме од улиците , од сите негативни влијанија и пороци и да ги ставиме во спортските сали и секако базенот во општина Струга. Во разговор со многу луѓе инволвирани во спортот, со пливачи и граѓани на Струга ни беше укажано дека базенот е еден од главните приоритети, истакна првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој информира дека е завршен процесот за собирање на потребната документација.  Реконструкцијата „тежи“ 30 милиони денари, а се очекува базенот да профункционира на почетокот на 2021 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука