Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МВР: Престана посебниот режим на движење, граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките

Скопје, 27. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија.

– Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки. Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот, информираат од МВР. (Крај)

извор: Министерство за внатрешни работи фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука