Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ќе се проширува терминалната зграда на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

Охрид/Скопје, 15. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ќе се реконстуира, модернизира и проширува терминалната зграда на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Ќе се прошират и капацитетите на аеродоромската зграда во Скопје, а парите се обезбедени со пренамена средствата што требаше да се потрошат за изградба на карго аеродромот во Штип.

Со реконструкција и проширување на охридскиот аеродром требаше да се почне лани, но корона кризата ги одложи плановите.

Во три години ќе бидат потрошени 35 милиони евра за реализација на 99 проекти, а 14,7 милиони евра за инвестиции во двата аеродороми, рече главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер.

– Во оваа прва фаза ќе бидат реализирани 23 проекти во вредност од 9,9 милиони евра од вкупно предвидените 49,7 милиони евра, вели Шенер.

Денеска беа доделени договорите на 23 општини за реализација на различни проекти, од изградба и доградба на градинки, изградба на патни правци до изградба и рехабилитација на водоводна и канализациона мрежа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука