ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Царовска: Сите сакаме учебна година со физичко присуство, но подготвени се три сценарија

Скопје, 28. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сите во Владата сакаме учебната година од септември да започне со физичко присуство за сите ученици, но имаме подготвено три сценарија како би се одвивала таа, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска.

На денешниот состанок на Главниот координативен штаб се дискутирале материјалите со сценаријата и протоколите. Во моментов епидемиолошката состојба е добра и очекуваме да биде таква и во септември, вели Царовска.

– Системот за образование е подготвен за три сценарија: првото е целосно отворање на училиштата, согласно протоколите здравствени, за сите одделенија и сите години. Тоа е најпосакуваното сценарио за сите нас. Другото е да имаме дел од учениците со физичко присуство, од прво до четврто одделение, останатите да одат онлајн. Имаме и трето сценарио кое укажува дека можеби во не толку критична состојба за целосно затворање, да имаме поделба во групи, една недела една група ученици, друга недела друга група. За сите три сценарија Министерството за образование и наука ќе биде подготвено од 1-ви септември, потенцира Царовска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука