Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде полуавтоматско оружје кај лице од Велешта

Струга, 10. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Б.Б. од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријава заработи и против 38-годишниот Ќ.И. од истото село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител во извршено кривично дело“.

– На 19-ти март 2021 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Велешта, полициските службеници од САЕ „Тигар“ и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршиле контрола во патничко возило управувано од Ќ.И., при што пронашле и одзеле полуавтоматско оружје „СИГ“ калибар 9 мм, што Б.Б. нелегално го поседувал, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука