ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Уште еден прекрасен сончев ден во Охрид

Охрид, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот, 30-ти јануари 2022 година, донесе уште еден прекрасен сончев ден во туристички Охрид.

Охриѓани, заедно со гостите, и денес го искористија сончевиот ден со температура околу 7. степени Целзиусови за прошетка покрај езерото.

Метеоролозите за утре најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.

– Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука