ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските пожарникари со сирени и многу емоции го испратија во пензија својот колега Ацо Атанасов- Митуш (Видео)

Охрид, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со вклучени сирени и многу емоции, охридските пожарникари денеска го испратија во пензија својот колега, командир Ацо Атанасов- Митуш.

Тие пристигнаа пред неговиот дом во Охрид и со запалени бакли достојно и со почит му посакаа среќни, мирни и долговечни пензионерски денови на својот колега.

Ацо Атанасов, покрај ангажманот во охридската територијална противпожарна единица (ТППЕ) е и потпретседател на Здружението на акцијаши „Брег на Младоста“.

May be an image of 12 people, people standing and outdoors

Повеќе за него од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Мартин Милески/ФБ ТППЕ Охрид – Пожарна

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука