Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во Охрид има место за прием на 125 ученици

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука го објави конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2022/2023 година.

Во 18 домови низ државата ќе бидат примени за сместување и исхрана 2.555 ученици од средното образование.
Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во Охрид ќе има место за вкупно 125 ученици.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mkили директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV година почнува од 24.06.2022 година и трае до 01.07.2022година, а рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во I-ва година почнува од 01.07.2022 година и трае до 08.07.2022 година.

Учениците кои ќе достават хартиена пријава директно до ученичкиот дом, комплетната документација ја доставуваат од 04-15.07.2022 година во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука