Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 40 возачи во Охрид поради возење со брзина поголема од дозволената

Охрид, 26. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти април 2022 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 70 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Охрид 40, од кои 24 надвор од населено место и 16 во населено место, Струга 28 во населено место, Кичево 9 во населено место, Дебар 9, од кои надвор од населено место 6 и во населено место 3), информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука