Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на улицата „Железничка“, повредена 17-годишна девојка, сопатничка на мотоцикл

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти јуни 2022 година, во 21:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Железничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од страна на 18-годишниот Б.Б. од Охрид и патничко моторно возило марка „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот И.Н. од Охрид.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка на мотоциклот од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука