Забава Избор

SUPER Fresh music: John Legend го претстави долгоочекуваниот осми студиски албум „Legend“

Охрид, 21. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Повеќекратниот добитник на Grammy наградата, кралот на срдечните емоции и моќниот вокал, John Legend го претстави својот долгоочекуван осми студиски албум насловен „Legend“.

Концептуалното двојно издание продуцирано од John и Ryan Tedder е полно со неуморен дух на сензуалност и радост, инспирирано од ранливоста на болката, пофалбите и исцелувањето.

Ова е ново поглавје за музичарот и врвен музички производ во кој Legend соработува со имиња како Rick Ross, Jhene Aiko, Ty Dolla $ign, Jazmine Sullivan и многу други.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука