Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП Нискоградба апелира до граѓаните совесно да постапуваат при одлагање на отпадот

Охрид, 1. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Нискоградба“ Охрид повторно излезе со апел до граѓаните совесно да постапуваат при одлагање на отпадот.

Потенцираат дека одделението за фекално одржување редовно врши чистење на цврст отпад од шахти и сливници за одведување на фекална и атмосферска канализација. При контрола на шахтите многу често се отстранува цврст отпад кој до колку од шахта прелие во цевковод прави запушување на мрежата и настанува дефект.
No photo description available.
Можно е да е слика од надвор
– Понатаму фекалиите се излеваат на улица или во нечиј двор или куќа на места каде нивото е пониско, како што беше случај со запушување на улицата „Никола Карев“ каде жителите цел месец беа поплавени со фекалии. При пробивање и чистење беа извадени кршени стакла и друг несоодветен отпад кој во никој случај не би требало да се најде таму. Ова несовесно однесување на поединци повлекува огромни материјални штети, загрозување на здравјето на луѓето како и загрозување на животната средина. ЈП „Нискоградба“ и понатаму ревносно продолжува со сервисирање на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води користејќи ги ресурсите кои ги има на располагање, велат од претпријатието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука