ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Вториот меморијално-хуманитарен планинарски марш „Трајан Целески- Тачо“ одложен за 13-ти ноември

Охрид, 3. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради најавата за неповолни временски услови вториот меморијално-хуманитарен планинарски марш „Трајан Целески- Тачо“ закажан за в недела, се одложува за следната недела, 13-ти ноември.

– Поради најавата за неповолни временски услови за време на викендов, одлучивме целиот настан да го поместиме една недела подоцна, сé со цел за поголема масовност и поголема безбедност на учесниците. Се надеваме дека на 13-ти ноември ќе имаме добри услови и заедно ќе имаме одлично доживување. Ви благодариме на разбирањето, велат организаторите.

Трасата останува иста, ќе се стартува во близина на домот на Целески, односно кај спортското игралиште „Стобекс“ населба Видобишта – Манастир „Свети Никола“, Велгошти и назад. Патеката е умерена и е во должина од 10 километри во двата правци. Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг.

Деновиве се навршуваат две тажни години од прераното заминување на Трајан Целески- Тачо. Неговата борба за живот беше симбол за истрајност волја и мотив, додека нашата желба да помогнеме беше пример за солидарност и хуманост. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука