ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бездомно лице спие на Градскиот кеј, може ли Охрид повеќе и подобро?

Охрид, 10. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бездомно лице спие на Градскиот кеј, на потегот пред поранешниот хотел „Палас“. Тука подготвува храна и го поминува најголемиот дел од денот.

Неодамна OhridPress пишуваше за овој проблем, кога истото лице спиеше пред нова зграда на булеварот „Туристичка“.

Иако секојдневно поминуваме покрај ова и другите бездомни лица, често без и да ги погледнеме или забележиме, сепак тие се секојдневие во Охрид.

Може ли градот повеќе, може ли да се изнајде решение за овие лица?

Не дали може, туку мора, и тоа без да се бараат изговори и да се префрла топката и ингеренциите на друга страна. Ако некогаш оваа слика можеше да се види само во текот на летната сезона и бевме уверувани дека е „увезена“, сега е повеќе од јасно дека проблемот е реален и се продлабочува. Повеќе лица бараат сместување во напуштени објекти и куќи, а често можат да се видат и како буквално спијат на улица или до некоја куќа или зграда.

Решението мора да е системско и одржливо, за да се стави крај на оваа појава, пред се’ во насока на подобар живот на овие лица, но и на сликата која како град ја презентираме пред посетителите од целиот свет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука