Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

„Тамаро“ и Супер радио ги доделија подароците за најинтересните љубовни приказни за Денот на вљубените – Како започна Вашата љубов (Видео)

Охрид, 14. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На официјалниот Facebook профил на Супер радио веќе две недели наназад се раскажуваа најубавите приказни – приказни за љубовта како дел од проектот „Раскажете ни ја Вашата приказна, како започна Вашата љубов“, во рамките на кој охридските „Тамаро“ маркети доделуваа вредни подароци.

Проектот се организира во пресрет на Денот на вљубените и имаше за цел да внесе многу позитивна енергија кај охриѓани.

Ана и Тони Ѓорѓиески и Лиле и Ангеле Домазетоски беа најсреќни и ги добија главните подароци, односно викенд за двајца во преубавото Крушево, романтична вечера за двајца и пакет вино.

Екипата на Супер радио, која денеска, Денот на вљубените го прослави заедно со купувачите во маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ подели и бројни помали награди, а секојдневно се доделуваа и подароци на Супер радио.

Станува збор за најновиот проект на водечките охридски „Тамаро“ маркети, излезен од креативната работилница на број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радиоиBe 1 Digital Marketing.

Време е за подароци, време е да ја славиме љубовта заедно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука