ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Авион кој летал од Дортмунд до Охрид пренасочен за Венеција поради итен случај

Скопје/Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Авион од компанијата WizzAir кој летал на релација Дортмунд-Охрид, поради итен случај бил пренасочен кон Венеција, објави порталот 4NEWS.mk.

Авионот побарал итно слетување во Венеција, но во моментов не е позната причината за истото, пренесе vreme.mk.

Додека се наоѓал во воздушниот простор на БиХ, авионот свртел од курсот и продолжил кон Венеција. (Крај)

извор: 4NEWS.mk/vreme.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука