ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро расте минимално, недоволно да се достигне просекот за овој период од годината

Охрид, 10. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – И покрај засилените врнежи од дожд и константниот пораст периодов, сепак нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму останува под месечниот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,30 м.н.в, што е за 27 сантиметри под просекот за април (693,57 м.н.в), односно 20 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8,5 степени и е за 1,8 степени пониска во однос на месечниот просек.

Можно е да е слика од нацрт и текст кој вели „министерство землоделство, шумарство водостопанство управа кидром етеоролошки работи- табела станица неделна хидролошка реките природните во 07:30 часот 07.04.23 јегуновце вардар 05.04.23 06.04.23 53 136 вардар 138 09.04.23 127 105 129 .капила 25 168 128 40 172 130 176 пелинце пчина 66 172 бабуна берово- 96 126 н.село 113 црна р.б.мост-црна дрим 122 104 140 118 76 61 110 26 72 60 30 30 26 08 з.доран MHM 114 30 64 часот 146.63 146.63 146.63 146.63 н.доран ез.дојран 693.2 14.0 14.0 693.30 693.30 693 13.4 8.0 13.6 8.0 изработил: проверил:ау 8.5 директор, нивна акумулации надвор редовниот влијание корекција водостоот,“

Последнава недела езерскиот водостој е покачен за два сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.

– Во следните три дена времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука