Охрид, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Големото невреме проследено со врнежи од снег, дожд и ветер кое ја зафати земјава, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во Струга и Охрид.
Во Охрид силниот ветер, влажниот снег и обилните дождови предизвикаа кинење на проводниците и прекини во снабдувањето со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
– Екипите на ЕВН Македонија отстранија поголем дел од дефектите и работат на санирање на дефектите во населените места кои се наоѓаат на повисоките планински предели во струшкиот, охридскиот, ресенскиот и кичевскиот регион, додаваат од ЕВН.
Екипите на ЕВН Македонија ќе останат на терен се додека не се воспостави нормално снабдување за сите корисници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива