Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претпладне сончево време со услови за локален дожд попладне и температура до 23. степени

Охрид, 4. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Во текот на следната седмица претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука