ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Завршува учебната година за средношколците, основците во клупите до 14-ти јуни

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Наставата од учебната 2022/2023 година, денеска, 9-ти јуни, завршува за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена и последниот училиштен ден за нив е в среда, 14-ти јуни.

Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата, така што второто полугодие од учебната година наместо на 18-ти јануари почна на 23-ти јануари.

Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација на работата за оваа учебна година кои им се доставени на училиштата.

Учебната година дел од учениците ја завршуваат без учебници, но следната ќе ги има, уверува министерот за образование Јетон Шаќири. За грешките во учебниците се повикува на комисијата и на педагошката служба. Вели има доволно време до септември.

Проблемот со учебниците како оној со македонски јазик за трето одделение ресорниот министер го лоцира во недоволната заинтересираност на авторите да се пријават на повиците, па решенија ќе се бараат и преку подготвителни материјали. Проблемите со учебниците преку претставка се најдоа и пред комисијата за спречување на дискриминација. Од средношколски сојуз велат дека е нелогично да се презенртираат предностите на сручно образование а таму да нема книги. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука