ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓаните Кристијан Шишкоски и Емилија Николовска дел од македонската екипа на 53. Меѓународна олимпијада по физика во Токио, Јапонија

Токио/Охрид, 9. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Кристијан Шишкоски е дел од екипата која ја претставува Република Македонија на 53. Меѓународна олимпијада по физика во Токио, Јапонија – IPhO 2023.

Од Друштвото на физичарите на Република Македонија информираат дека е извршена регистрација на тимот од Македонија на IPhO 2023.

Селекциониот натпревар се одржа на 29-ти мај 2023 година во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија каде беа поканети 25 ученици, кои покажале најдобар резултат на државниот натпревар по физика, да земат учество. Според покажаните резултати, Кристијан влезе во групата од петте најдобри ученици кои ја претставуваат нашата земја во Токио. Шишкоски беше избран и за Првенец на генерација во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Дел од екипата е и Емилија Николовска, која е од Охрид, а учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Минатата година таа освои бронзен медал на Светската олимпијада по физика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука