Избор

Општинскиот совет за безбедност иницира велосипедско поврзување на Охрид и Струга

Охрид, 14. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот од Охрид иницира велосипедско поврзување на Охрид и Струга.

Оваа идеја е веќе ставена во годинешната програма за работа на ова тело кое меѓу другото има цел да се грижи и да ја поттикнуваа сообраќајната безбедност и култура кај учесниците во сообраќајот.

Целта, како што велат од Општинскиот совет за безбедност, е да се афирмира велосипедизмот и да се развие туристичката понуда на Охрид и Струга.

Во програмата за работа на Советот е и вметнат и проектот за обележување велосипедски патеки на секоја улица во Охрид.

– Оваа идеја е ставена на хартија, доставена до Локалната самоуправа и верувам дека службите ќе направат се за да се реализира, затоа што станува збор за потреба која од момент во момент е се поголема бидејќи урбаниот велосипедизам е се` поактуелен. За тоа е потребна и соодветна инфраструктура. Се надеваме со заеднички заложби ќе се постигне успех. Патеките би се обележале на улиците кои се во фаза на реконструкција или кои согласно програмата на локалната самоуправа ќе бидат ставени во процес на реконструкција, велат од советот.

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата неодамна ја одржа првата седница во нов состав на која меѓу другото се разговараше и за безбедноста на велосипедистите.(Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука