Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Се поставува атмосферска канализација и хидрантска мрежа во ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е изведба на атмосферска канализација и поставување на хидрантска мрежа во ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Градоначалникот Кирил Пецаков на профилот на Фејсбук објави дека зафатите ги изведуваат екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Водовод“, а средства се обезбедени од општинскиот буџет.

– Должината на трасата за атмосферска канализација изнесува 342 метри, а се поставуваат цевки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари. Поставување на хидрантска мрежа вреди околу 2 400 000 денари. Гимназијата исто така ќе добие и нов приклучок на вода, што значи надминување на проблемите со водоснабдувањето. Вредноста на активностите за нов приклучок на вода изнесуваат околу 500 000 денари, напиша Пецаков.

После завршувањето на овој зафат, следува партерно уредување на училишниот двор. Со проектот за партерно уредување е опфатено изградба на ново мултифункионално игралиште, училници на отворено, ново осветлување, уредено дворно место. Вредноста на зафатот согласно проектот предвидено да изнесува околу 14 000 000 денари. Во завршна фаза е поставувањето на уредувањето на оградата.

Ова е само продолжување на градежните зафати за подобрување ма условите за настава и работа во охридската гимназија.

Директорката на училиштето Светлана Велкоска на почетокот на февруари во изјава за Супер радио и OhridPress ги потенцира тековните и ги најави новите проекти.

– Со средства од блок дотација набавени се нови маси и столчиња за учениците, подобрени се условите за одвивање на кабинетска настава, што оди во прилог и на децата и на професорите. Тоалетите се комплетно обновени, со нова електрика, нов одвод довод, а се направи и тоалет за деца со посебни потреби. Доколку се јави потреба, во таа насока и влезот ќе се прилагоди со пристапни рампи. Со проектот за партерно уредување е опфатено изградба на ново мултифункионално игралиште, училници на отворено, ново осветлување, уредено дворно место. Вредноста на зафатот согласно проектот предвидено да изнесува околу 14 000 000 денари. Во завршна фаза е поставувањето на уредувањето на оградата. Работиме на уште еден проект во кој се инкорпорирани овие претходно наведените, а тоа е за реновирање на внатрешноста на Гимназијата, на ѕидови, подови, ќе се промени дограмата внатрешна и надворешна, а ќе се реконструира и кровот, информира Велкоска.

Градоначалникот Пецаков уште информира дека во фаза е пред козерваторско одобрение за целосна внатрешна реконструкција на објектот. Согласно пресметките се очекува севкупните градежни активности да финишираат до крајот на 2024 година и со тоа Охрид да добие уште едно модерно и функционално училиште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука