Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Протест за повисоки плати на судската администрација во Охрид

Охрид, 19. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заедно со колегите од Кичево, Кавадарци, Струга, Штип, Гевгелија, во Свети Николе, Берово, Гостивар, Радовиш, Велес, Дебар, Куманово, како и од Апелационите судови во Штип, Гостивар и Битола, судските службеници од охридскиот сид денеска од 09:00 до 11:00 часот излегоа на протест, кревајќи го гласот за повисоки плати.

– Потребно е да се чуе гласот на судската служба однадвор, енергијата на незадоволство да биде поддршка на нашите претстваници. Да бидеме масовни, да бидеме сплотени и успешни, велат организаторите.

Во периодот од 13:30 до 15:30 часот пред судски совет ќе се собере судската администрација која бара зголемување на платите. Во 14:00 часот, како што информираат организаторите на протестот, се повикани претставници на средба со Претседателот на судски совет. Синдикалниот марш ќе започне пред платото на Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет. На протестот се приклучува и судската администрација од Врховен суд.

Од Синдикатот велат дека не бараат нешто посебно од Министерство за финансии, туку средствата „кои се доделени со закон“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука