Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Још дан за нас“, нов сингл за одличниот охриѓанец Александар Јосифовски (Видео)

Охрид, 18. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Још дан за нас“ е новиот сингл на супер-талентираниот охридски музичар Александар Јосифовски.

– Песната наскоро ќе добие и видео спот. Во него главната улога ќе ја има нашата охриѓанка Ангела Секулоска, открива за Супер радио и OhridPress Александар.

Неодамна тој се врати од турнеја во Австралија, каде имаше ретка можност и чест да настапи како предгрупа на големиот концерт „50 години Бијело Дугме“, кој се одржа во Мелбурн, Австралија.

Александар Јосифовски го освои второто место на големото финале на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во 2022 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука