ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Наум Стојаноски и Димитар Ѓорески од клубот „Алексо Огненовски“ освоија злато на „Арена куп 2024“ во Скопје (Видео)

Охрид, 2. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот Наум Стојаноски, член на боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ освои злато на Меѓународниот боксерски турнир „Арена куп 2024“, кој денеска се одржа во Скопје, во организација Боксерскиот клуб „Чаир“.

Тој беше најдобар во категоријата до 67 килограми, а до златото стигна по победата над Ријон Бајрами од клубот „Шкендија но лимит“ од Тетово.

Охриѓанецот Димитар Ѓорески исто така освои златен медал во категоријата до 63 килограми, а беше прогласен и за најдобар техничар на турнирот, за што доби посебен пехар. Успехот на боксерите од охридскиот клуб го заокружи Петар Трајчески кој освои сребрен медал.

На турнирот учествуваа 56 боксери од 14 клубови од Република Македонија, а борбите се одржаа во спортската сала „Борис Трајковски“. Беа пријавени боксери од клубовите: „Синди“, „Шкендија но лимит“, „10-60“, „Штип“, „фамилија Демирови“, „Алексо Огненовски“, „Пелистерски Јунак“, „Пинк пантер тим“, „Аперкат“, „АС“, „Куманово 84“, „Илинден“, „Чаир“ и „Шкупи“, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука