ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица заработија кривични пријави за убиство во обид и помагање: Едниот турнал жена од трет кат на зграда по што таа се здоби со тешки повреди, вториот не го спречил делото

Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишниот Е.М. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

– На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39-годишната М.О. од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука