ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Чингоски: Каде е Сојузот на борците од НОАВМ да реагира за отстранувањето на спомен-плочата во центарот на градот

Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Каде е Сојузот на борците од НОАВМ да реагира за отстранувањето на спомен-плочата од пред некогашната зграда на Социјалистичкиот сојуз и КПЗ Охрид, реагира познатиот охридски адвокат Владо Чингоски, во текстот објавен на неговиот профил на Facebook.

– Господа, (очигледно не сте повеќе другари), почитувачи на НОАВМ, не декларативно, туку навистина бидете почитувачи и штитете ги спомениците од НОАВМ. Ако тоа не го прави власта, која се декларира како наследник на НОБ, барем вие реагирајте, стои во објавата.

За отстранувањето на плочата, вчера со реакција излегоа и од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука