Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Градежните работи на „Охрид Мол“ се пред крај, се координираат датумите за отварање

Охрид, 2. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека трговскиот центар „Охрид Мол“ полека го добива финалниот изглед, дека градежните работи се пред крај и дека се координираат датумите за отварање е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

– Во моментов ги координираме датумите за отварање, пред се’ водејќи се од закупците, посебно од модните брендови кои имаат сезонски колекции. Градежните работи ги финализиравме и се пред крај. За поточни информации ќе ја информираме јавноста дополнително, во текот на следниот месец, потенцираат од Фортон Инвест за Супер радио и OhridPress.

Додаваат дека во однос на тоа кои брендови ќе бидат застапени во објектот, во овој момент не можат да ги објават јавно нивните имиња поради доверливост на информации.

– Во текот на месец мај очекуваме да бидеме во можност да ја споделиме оваа информација, потенцираат од компанијата.

Читателите на OhridPress генерално ја поздравуваат изградбата на еден ваков објект, но потсетуваат на долгиот период во кој се гради Трговскиот центар и посочуваат дека треба да се донесат посериозни брендови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука