Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Секогаш одберете умерени наместо строги диети

Охрид, 2. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Строгите диети, кога за кратко време се губат доста килограми, не се препорачуваат за оние кои сакаат долгорочно да ги задржат здравјето и витката линија.

Драстичното намалување на внесувањето калории првично го тера телото да ги согорува резервите од јаглехидрат гликоген. Процесот е придружен со поголема загуба на вода. Иако навидум бргу се губи тежината, кога ќе престане диетата, килограмите се надоместуваат, а често се акумулираат и многу повеќе.

Затоа се препорачуваат умерени диети, кои се применуваат долго време, а неосетно се губат килограмите во подолг временски период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука